se i sesto za sekogo po nesto

2 Јули, 2008 - 09:19
Жените по природа се бисексуални?
Кога е во прашање сексуалното возбудување, поглед на машко голо тело за хетеросексуалните жени е еднакво возбудливо како и наблудувањето на...

 

... мртва природа - тврди  Meredith Chivers врз основа на најновите истражувања.

Во студијата на dr. Chivers се мерело гениталното возбудување на луѓето при гледање видео клипови со голи мажи и жени во различни сексуални и несексуални ситуации.

Што е Аполон наспроти Афродита?

Истражувачите откриле дека хетеросекуалните жени еднакво (не) се возбудуваат гледајќи мускулест, маркантен маж како вежба јога и гледајќи планинар во голема зимска јакна закопчана до заби.

Ситуацијата драстично се менува кога набљудуваат голо женско тело, тогаш крвта во телото почнува забрзано да се движи.

Кога се во прашање филмчиња во кои се прикажуваат сексуални активности, хетеросексуалните жени покажале дека за возбудувањето не им игра улога полот кој се прикажува, туку различните активности.

Имено, подеднакво се возбудливи филмови со мастурбирање и секс, независно дали во нив глумат хетеросексуални парови, жени или само мажи.

Dr. Chivers нагласува дека истражувањата на човечката сексуалност се повеќе укажуваат на тоа дека женската сексуалност е некаде помеѓу хомосексуалноста и хетеросексуалноста.

Сексолозите се повеќе веруваат дека женската сексуалност е флуидна, но тврдат дека машката не е.

Флексибилна сексуалност

Откако испитаниците ги изгледале филмовите, Dr. Chivers со нив и разговарала.

На молбата самите да го оценат степенот на нивното возбудување при гледањето на различните видови филмови, и хомосексуалните и хетеросексуалните жени за повозбудливи ги оцениле филмовите на кои се прикажувале жени.

Зошто хетеро жените сексуално ги возбудуваат други жени?

Тоа не е појава која се јавува кај мажите, без разлика дали се геј или хетеросексуалци, или кај лезбејките, тие се возбудуваат гледајќи снимки исклучиво со преферираниот пол, открива Dr. Chivers.

Научниците не сакале истражувањето да го заклучат  со изјава дека жените се склони кон бисексуалност, затоа што тврдат дека таков заклучок би бил преедноставен и неточен со оглед на комплексноста на целокупната женска сексуалност.

 

1 коментар | за печатење | прати по e-mail | 33 пати прочитано   #
2 Јули, 2008 - 09:17
Најскапиот бургер на светот
Најскапиот бургер на светот започна да се продава во Burger King, а неговата цена изнесува близу 120 евра, и е наречен едноставно - "The Burger". Новиот...

... бургер на Burger King се очекува да влезе во Guinness-овата книга на рекорди, надминувајќи го екстравагантниот американски Double Truffle Burger кој во 1994-та година чинеше околу 82 евра.

Најсочното јапонско говедско месо е комбинирано со бели тартуфи, црвен лук, припремени во Cristal шампањ, заедно со најфината италијанска Pata Negra пршута.

"The Burger" е наречена најновата сензација во маркетиншката понуда на денешницата.

Многу критичари ја критикуваат оваа постапка и сметаат дека е само една лудост на PR-от, со образложение дека никој не би потрошил 120 евра за сендвич во Burger King.

2 Јули, 2008 - 09:14
Реакции на организмот при бакнеж
Веројатно не постои личност во светот која не ужива во бакнувањето, било тоа да е нежно сензуално или еротично и страствено... Научниците одлучиле да...

... се позабават со овој проблем и конечно откриле што се случува во нашето тело за време на бакнежот, и зошто се чувствуваме така како што се чувствуваме во тој момент.

Ерупција на хормони

Стручњаците тврдат дека за време на бакнежот крвниот притисок се зголемува, а срцето почнува забрзано да чука.

Се зголемува потрошувачката на калории од една во минута, колку што трошиме додека гледаме ТВ или читаме, на дури 6 калории во минута.

При бакнежот нервите кои се наоѓаат на усните и јазикот забрзано испраќаат сигнали до мозокот каде поттикнуваат цела низа на промени.

Крвта забрзано се движи кон усните, се лачи плунка, хормоните дивеат, а мозокот испушта ендорфин и окситоцин кои се одговорни за чувството на пријатност.

За бакнежот се заслужни 34 мускули

Научниците исто така откриле зошто при бакнувањето ги испакнуваме усните.

Тоа се случува бидејќи за бакнежот е потребна активност на долната вилица и работа на дури 34 мускули на лицето, вратот и главата.

Постојат и повеќе теории зошто се бакнуваме. Фројд вели дека бакнежот е последица од инстинктот кој е за цицање на мајчиното млеко.

Некои антрополози и проучувачи на однесувањето на животните веруваат дека бакнежот се развил од меѓусебното душкање.

2 Јули, 2008 - 09:12
Зошто лошите момци се посакувани
Добрите момци тоа го знаат, жените тоа го знаат, а сега истото го потврди и науката - лошите момци имаат повеќе симпатии од спротивниот пол. Откритијата...

... на оваа научна студија им помогнале на научниците да објаснат зошто антисоцијалните особини опстоиле во човековата популација, и покрај тоа што се културошки и социјално штетни.

Особините како нарцизам, импулсивност, потрага по возбуди и бесчувствителноста во екстремни облици се штетни за човековото општество, а личноста која ги поседува ризикува да биде (или е) "жртва" на законите.

За подобар секс треба да се биде лош

Мала доза на злоба може да му овозможи на мажот богат и исполнет сексуален живот, смета научникот Петер Џонасон.

Истражувањето спроведено на 200 студенти покажало дека мажите кои имале изразени "мрачни особини", имаат повеќе сексуално искуство, поголем број на партнерки и склоност кон краткотрајни врски.

Сепак, научниците нагласуваат дека поврзаноста со мрачните особини и богатиот сексуален живот важат само за машкиот пол.

Правило кое важи во сите култури

Петер Џонасон тврди дека одличен пример за таков маж е Џемс Бонд.

Непријатен, екстравертен и сака да испробува нови работи, убива луѓе и заведува жени.

Токму поради овие особини ваквите мажи опстанале во текот на еволуцијата, бидејќи дури и да не се грижат за своите потомци, успеале да ги пренесат своите гени на наредните генерации. Според истражувањето, овој заклучок важи за мажите од сите култури.

2 Јули, 2008 - 09:07
Сепак, на белците им се најголеми!
Општо прифатеното мислење дека црнците имаат најголем "алат", малкумина знаат дека е всушност грешно. Нај надарени се сепак белците, па потоа црнците...

... и на крај азијците.

Црнците имаат најголеми, жените мрзат порно филмови и сакаат долга предигра, се само дел од вообичаените мислења кои испаднаа дека се грешни.

Докажано е дека белците имаат најголеми, жените сакаат порно филмови, а неретко им годи и секс без никаква предигра.

Што се однесува до бројките, белците во просек во ерекција се долги 16,26 сантиметри, црнците просечно се пола сантиметар пократки, а азијците се "казнети" со просек од 14,22 сантиметри.

Што се однесува до врелите секс сцени, би се изнанадиле ако дознаете колку жените може да се возбудат по само неколку минути гледање порно филм.

Сепак останува вистината дека порно филмовите првенствено биле наменети за мажите, и не привлекувале многу жени.

И да... иако од сите страни ве бомбардираат со информации дека е потребно многу време за љубење и мазење, имајте на ум дека брз секс без предигра, и тоа како често им годи на жените!

2 Јули, 2008 - 09:05
Sony Ericsson наменет за играње
Компанијата Sony Ericsson го претстави својот нов модел на мобилен телефон F305 кој им е наменет за гејмерите. Во телефонот се вградени и сензори кои се...

... осетливи на движењата при управување, а копчиња се прилагодени за играње.

Од Sony Ericsson објаснија дека компанијата и претходно користела технологија осетлива на движења, но овој пат таа е имплементирана конкретно за играњето на игри.

F305 телефонот има поддршка за 3D која се користи за игрите.

Во самиот телефон се инсталирани три  игри, а од сајтот на Gameloft може да се симнат уште 50 други игри.

Телефонот има и медиа плеер, поддршка за Bluetooth и EDGE, како и прелистувач на интернет страници.

Гејмерот од Sony Ericsson ќе се појави на пазарот кон крајот на летово, а цената сеуште не е позната.

2 Јули, 2008 - 09:03
Мини чудо со макси перформанси
Јапонскиот "Panasonic" и официјално го пушти во продажба мини UMPC Toughbook компјутерот, под ознаката CF-U1, кој пројави голем интерес на минатиот CeBIT..


Ова мини чудо е базирано на Intel Atom процесор, поседува екран од 5.6 инчи, QWERTY тастатура и голем број на приклучоци.

CF-U1 поседува 2мп камера, 1 гига рам меморија, сите можни конекции од wifi па се до мобилна 3Г, а користи windows Vista.

Она по што се разликува овој лаптоп, е тоа што има извонредна отпорност.

Panasonic CF-U1 може да преживее пад од 1.2 метри височина, разни огреботини, потопување во вода и други физички незгоди.

Уредот е со мини димензии од 184 x 151 x 57 милиметри, а батериите кои ги користи овозможуваат непрекината работа од 10 часа.

Единствена мана засега е превисоката цена, која се движи околу 2500 долари.

2 Јули, 2008 - 09:01
Преставен е новиот LG Chocolate
Компанијата LG го претстави третото издание од "чоколадната серија" кој беше направен специјално за операторот "Verizon". Станува збор за...

... телефон на преклопување кој првенствено е наменет за вљубениците во музиката, бидејќи репродукцијата на музичката содржина (покрај телефонот) му е и основна намена.

Телефонот има сопствени звучници и FM радио приемник. LG Chocolate 3, има 1 гигабајт интерна меморија и додатен слот за microSD картици за дополнителен капацитет до 8ГБ.

Поседува вградена камера од 2 мегапиксели за фотографирање/снимање, а за брз интернет и конекција тука е 3G услугата на компанијата Verizon.

Од додатоците се издвојуваат Bluetooth 2.0 со A2DP подршка, како и V CAST Music & Video сервисот кој овозможува симнување на 3 милиони музички и видео фајлови преку брзата 3G конекција.

Новиот LG телефон на пазарот ќе се појави во текот на јули, а цената сеуште не е позната.

2 Јули, 2008 - 08:59
Најпожелни се мажите со брадичка
Во денешно време, жените дефинитивно ги привлекуваат мажи со "неуредна" кратка брада. Овие мажи, судејќи по резултатите на новата студија, се поатрактивни за...

... понежниот пол од оние со свежо избричено лици или пак оние обраснати со брада.

Испитаничките ги оцениле мажите со брадичка како груби, зрели, агресивни, доминантни и маженствени, но и како најдобри љубовни партнери, без оглед дали се работи за краток флерт или долготрајна врска.

Резултатите од истражувањето во кое учествиувале Британки на возраст од 18 до 44 години, ја објаснуваат и привлечноста на мажите како што се George Clooney и Brad Pitt, кои веќе поодамна го промовираат својот "науреден изглед".

И понатаму останува нејасно зошто овие мажи им се попривлечни на жените.

Експертите сметаат дека одговорот лежи во еволуцијата, бидејќи ваквите лица ја нагласуваат вилицата со што се истакнува мажественоста.

Наспроти тоа тврдење, психолозите од Универзитетот Northumbria сметаат дека неизбричените мажи им го нудат на жените она што тие го сакаат - не се премногу маженствени, но не се ни доволно зрели.

"Кратката брада на лицето жените ја поврзуваат со успехот, наспроти отсуството на брадата на машкото лице, кое сугерира на сексуална незрелост и попустливост", објаснуваат експертите.

2 Јули, 2008 - 08:57
Крај за продажбата на Windows XP
Магнатот Microsoft одлучи од вчера да го повлече од продажба оперативниот систем Windows XP, и покрај протестот на корисниците кои не сакаат да бидат...

... присилени да го користат новиот оперативен систем Vista.

За сите оние кои не можат да живеат без својот стар оперативен систем, пронајдено е решение. Овие корисници ќе мора да ја купат Vistа Ultimate или Vistа Business и тогаш легално да го "уназадат" системот на XP.

Компанијата и понатаму ќе им дозволува на помалите компјутерски продавници да го купуваат и препродаваат XP до крајот на јануари.

Оваа верзија исто така ќе биде во употреба за нискобуџетните компјутери како што е Asus Eee PC.

Групата на корисници кои ја предводат иницијативата "Save XP" потпиша петиција на сајтот InfoWorld каде бараат XP и понатаму да се продава, се додека не се произведе неговиот нареден оперативен систем - Windows 7.

Windows 7 се очекува да биде пуштен во продажба во текот на 2009-та година